Проекти

Проект за основање и основни активности на Институтот за медиуми и аналитика ИМА

Во јуни 2022 година, ИМА започна со спроведување на 18-месечен проект (01 јуни 2022 – 30 ноември 2023 година) финансиран со грант на Европската фондација за демократија (ЕЕД) од Брисел. Грантот има за цел да го поддржи формирањето на Институтот за медиуми и аналитика ИМА и производството на квалитетни медиумски содржини, истовремено ангажирајќи се во унапредување на слободата на медиумите. Активностите на проектот насочени кон формирање на тим на надворешни автори и производство на висококвалитетни анализи, градење и лансирање на веб-страници, профили и страници на ИМА на социјалните мрежи, производство на медиумска содржина и промовирање на ИМА во јавноста, изработка на квартални публикации, организирање на јавни настани, како и градење партнерства со други медиуми, граѓански организации и воспоставување соработка со релевантни државни институции

Проект – ТВ емисија за разоткривање дезинформации и неточни вести

Во септември 2022 година, ИМА потпиша договор за мал грант со Амбасадата на САД во Северна Македонија за реализација на 9-месечен проект (септември 2022 – мај 2023 година) за продукција и емитување на 24 епизоди на неделната ТВ емисија „Полиграф“ за разоткривање дезинформации и неточни вести, спроведуван во соработка со националната Телевизија Алсат.  24 епизоди на проектот беа емитувани во ударен термин – секој понеделник во 19:45 часот, веднаш по главните вести, а репризите беа емитувани секој четврток во рамките на утринската програма на ТВ Алсат. „Полиграф“ се рангираше меѓу првите три најуспешни емисии на ТВ Алсат, со просек од околу 80.000 гледачи по емисија, што е доказ за успешноста на проектот и покажува дека мејнстрим публиката е заинтересирана за разоткривање на дезинформациите. Покрај ова, околу 140 стории на „Полиграф“ беа преобјавени од 20-тина популарни портали на македонски и на албански јазик.

Проект – Зајакнување на прогресивните и продемократските дигитални медиуми во Северна Македонија

Во декември 2022 година, ИМА потпиша договор за соработка со проектот „Зајакнување на прогресивните и продемократските дигитални медиуми во Северна Македонија (Промовирање на демократијата и спротивставување на националистичката пропаганда)“, финансиран од Фондацијата за демократија и плурализам од Шведска, а имплементиран од ЦИВИЛ – Центар за Слобода. Проектот обезбедува финансиска и техничка поддршка за мрежа на македонски онлајн медиуми кои ги поддржуваат евроатлантските интеграции на земјата, спротивставувајќи се на национализмот, антизападната и антидемократската пропаганда и дезинформации, промовирајќи европски вредности, толеранција, солидарност, антидискриминација и критичко размислување. Проектот вклучува објавување и размена на содржини помеѓу членовите на мрежата.

Проект – „Преку деполаризација до демократски, стабилни и инклузивни институции: Придонесот на граѓанското општество“

ИМА е дел од партнерскиот конзорциум предводен од Институтот за општествени и хуманистички науки (ИССХС) во кој учествуваат и Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици“  и Балканскиот центар за регионална соработка, кој го спроведува 10-месечниот проект (јануари-октомври 2023 година): „Преку деполаризација до демократски, стабилни и инклузивни институции: Придонесот на граѓанското општество“, финансиран преку Акциските грантови на програмата ЦИВИКА Мобилитас. Цел на проектот е критички и информиран дијалог, следење, анализа и застапување на политики кои ќе придонесат за зајакнување на капацитетите на извршната власт за градење демократски и инклузивни институции.