За платформата #Деполaризирајсе, која е дел од проектот „Преку деполаризација до демократски, стабилни и вклучувачки институции: Придонес на граѓанското општество“, Институтот за медиуми и аналитика ИМА разговараше со министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

Во фокус на ова интервју се активностите што ги спроведуваат институциите во рамки на преговорите за членство во ЕУ, поконкретно, на прашањата опфатени со скринингот и првиот кластер на преговорите за фундаменталните вредности,  функционирањето на демократските институции, реформите во јавната администрација и меѓуресорската соработка. Во првиот дел од интервјуто, министерот Алиу одговара на прашања поврзани со дигитализацијата на институциите и услугите, како и за активностите за спречување на корупцијата.

ИМА: Г.Алиу, ви благодариме за што одѕвавте на поканата за овој разговор. Неодамна ја промовиравте најновата онлајн платформа на МИОА „Дигитална Ера” и најавите нови чекори во процесот на дигитална трансформација и нови електронски услуги за граѓаните. Можете ли поконкретно да ни кажете за кои дигитални услуги станува збор?

Алиу: Ви благодарам многу за прашањето. Во однос на дигиталната трансформација на државата, знаете дека Министерството за информатичко општество и администрација има три главни столба, во кои управуваме и креираме политики. Првиот е инфраструктурата и ИТ, вториот столб е јавната администрација, а третиот столб се медиумите.

Во првиот столб, од првиот ден кога сум во ова министерство, согласно со дигиталната трансформација на Европската унија и агендата што ја имаме, согласно со оваа агенда ја креиравме и програмата на министерството, која ќе ја направи дигиталната трансформација на државата и во однос на инфраструктурата и во однос на дигитализацијата на услугите. Во делот на инфраструктурата, сакаме да го подобриме квалитетот на интероперабилноста во државата, односно да ги поврземе институциите хоризонтално за комуникацијата да биде во реално време и безбедна.

Во однос на создавање дигиталните услуги, сега интензивно работиме за до крајот на годината да имаме 150 дигитализирани услуги во нашата земја. Вие знаете дека преку дигитализација го подобруваме и квалитетот и оптимизацијата на услугите. Така што, на крајот на денот, граѓаните ќе имаат подобра и по оптимална услуга.

Алиу: Дигитализацијата ќе ја намали корупцијата

ИМА: Го најавивте и формирањето на Агенцијата за дигитализација. Можете ли поконкретно да ни кажете за која институција се зборува, какви ингеренции ќе има, каква инфраструктура и структура, и кога ќе почне да функционира оваа институција? Дали сите овие иницијативи и процеси се во согласност со европските вредности на дигиталната демократија и какви мерки се преземени за процесот на дигитализација кои ќе гарантираат демократските институции (според реформите предвидени во првиот кластер)?

Алиу: Ќе почнам од крајот. Преку дигитализацијата, освен што го подобрувате квалитетот на услугата и истата се дигитализира – со цел јас како граѓанин да имам можност со било каква форма на дигитализација да стигнам до било која услуга – другата форма на дигитализацијата и нејзината оптимизација го премостува административниот дел, или канцеларискиот дел, процес во кој услугата што треба да му се обезбеди на граѓанинот поминува, да речеме, низ неколку канцеларии, неколку раце или неколку администратори.

Како резултат, ја намалувате корупцијата. Како резултат на тоа, квалитетот на услугите се подобрува во реално време. Сега, за да се опфати целиот процес на дигитализација, односно дигиталната трансформација во државата, потребно е да го следите овој процес, бидејќи е исклучително важен еко-систем и многу значаен од аспект на создавањето дигитализација во оптимален процес.

Има земји кои што направиле  дигитализација на само еден процес, без да го земат предвид целиот екосистем. Тоа вклучува обука на администрацијата, информирање на граѓаните како да пристапат до некоја дигитална услуга итн.

Затоа, ние како министерство направивме една функционална анализа на процесите и институциите што постојат во јавниот сектор, во однос на ИТ инфраструктурата, но и во однос на услугите што ги даваат. И врз основа на ова, ќе се направи патоказ за дигитализација на државата до 2030 година.

За да го следите овој процес, треба да имате институција, која ќе биде главниот чадор што ќе ги следи процесите, оние што ги споменав претходно. Ова беше наша иницијатива како министерство, која за среќа беше примена многу добро во Владата. И сега, во моментот додека зборуваме, работната група креира посебен закон за агенција за дигитализација, која ќе има четири главни столбови. Првиот столб ќе биде дигиталната инфраструктура во државата,  во вториот столб ќе бидат софтверските изработки и апликациите што ќе ги користат државните институции. Третиот столб ќе биде академскиот столб, или обука и информирање на граѓаните, и обука на администратори од дигитален аспект за дигиталните работни обврски. И, четвртиот столб е сајбер-безбедноста.

Така што, веруваме дека оваа агенција, освен што ќе го реформира и следи процесот на дигитализација во државата, ќе помогне и во делот на оптимизација на ресурсите. Денес имате различни институции кои имаат слични или исти решенија, но за кои е потрошено многу, и во однос на обуката и од аспект на поставувањето на овие услуги. Ова немаше да се случи доколку имавме агенција која ги покрива овие услуги на државно ниво.

Исто така, да дадеме уште поконкретен пример: денес ако купувате софтверски ресурси или лиценци на државно ниво, ќе ги имате многу поевтини, многу поупотребливи, по интер-оперативни. Тоа значи дека ќе можете да следите како институциите комуницираат меѓу себе и, на крајот на краиштата, ќе имате реален преглед на дигиталната трансформација на државата.

Алиу: Дигитализацијата на услугите треба да им го олесни животот на граѓаните

ИМА: Што предвидува новата Стратегија за дигитална трансформација, од гледна точка на бирократските пречки од кои се жалат голем број граѓани? Можеме ли да зборуваме за дигиталната трансформација на општеството без електронската идентификација, која веќе некое време е ветена, а сé уште не е реализирана?

Алиу: Всушност, процесот на дигитална трансформација насекаде е процес во кој нема момент кога ќе кажете – денес сме подготвени, дигитално сме трансформирани и нема да мора да правиме никакви промени. Тоа е долг процес, во кој ќе мора постојано да ги менувате или технологиите или процесите.

Што е дигитализација на услуга? Ќе треба да следите еден бизнис процес, кој се создава или развива во некоја канцеларија, истиот да го дигитализирате, а потоа граѓанинот го има како електронска услуга. Моментот на дигитализација на општеството, токму за прашањата што ги поставивте претходно, е тесно поврзан со институцијата која ќе го следи целиот овој еко-систем. Од информирање, обука и создавање инфраструктура, но исто така и во оптимизација на процесите на ниво на државата или институциите.

Спомнавте, дали имаме дигитална трансформација без лична карта? Ви велам не, дигитализацијата на една држава подразбира граѓанинот да има сè на паметен телефон, почнувајќи од лична карта, разни услуги, како здравствени и институционални, но и академски. На крајот на денот, секој од нас има паметен телефон со себе, кој има меморија, има процесор и има можност да се поврзе со клауд (cloud), со некоја база со која во реално време ќе ги имате сите услуги на телефон.

Трендовите на дигитализација на светско ниво, не само кај нас, се за граѓанинот да има полесен живот. Во реално време да ги добие информациите што ги сака. И, комуникацијата со различни институции треба да биде од една точка. Што правиме како држава, а што сме направиле како министерство? До сега, имаме пет пункта за една услуга. Тие се во Скопје, во Куманово, во Битола, во Охрид и во Тетово. Одиме чекор понатаму, заедно со Македонски пошти, ќе создадеме 333 пунктови на државно ниво, и додека дигиталната трансформација не стигне до паметните телефони, граѓаните, доколку не сакаат од дома, ќе можат да ги добијат овие услуги во канцелариите, или во просторите што ги поседува поштата на државно ниво.

Алиу: Дигитализацијата носи побрзи услуги и ја елиминира злоупотребата на институциите

IMA: Какви мерки има преземено  МИОА  за спречување и борба против корупцијата во јавната администрација?

Алиу: Индиректно, а и директно, зошто да не, дигиталната трансформација или дигитализацијата на процесите, верувајте ми дека значително ја намалува, или ќе ја елиминира корупцијата. Особено корупцијата на ниско ниво. За да дојдете до која било услуга ви треба многу време, или ако постои можност за злоупотреба, некој административец ќе ја искористи за да го стори тоа. Преку дигитализацијата го премостувате административниот чинител, кој може да ја оддолжи услугата или да го злоупотреби давањето на оваа услуга.

Верувам дека тоа е единствениот начин за една, да речеме, оптимизација на јавната администрација, не само во однос на инфраструктурата, туку и во однос на давањето услуги. Кога велам оптимизација, мислам во однос на времето, но и во однос на злоупотребата на должноста. Во однос на времето, многу побрзо ќе стигнете до услугата. Додека во однос на злоупотребата, ќе се намали или елиминира злоупотребата на јавните институции.

Разговорот го водеше: Петрит Сарачини на 19.05.2023 година.

Камера и монтажа: Жарко Трајаноски

Транскрипт и превод: Меритон Туша

#демократски_институции #institucione_demokratike #democratic_institutions #CivicaMobilitas

Проектот се спроведува со финансиска поддршка преку програмата Цивика мобилитас
​Projekti realizohet me mbështetje financiare përmes programit Civica Mobilitas
Picture

Дисклејмер: Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат НИРАС, МЦМС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Цивика мобилитас, СДЦ или пак спроведувачките организации