Утре (понеделник 30.10.2023), Институтот за медиуми и аналитика ИМА на настан во хотел Сити парк Скопје со почеток во 12 часот, ќе ја промовира публикацијата: „Во(н) фокусот на медиумите: Демократски институции, владеење на правото и реформи во јавната администрација“ – извештај од мониторинг на медиумите за темите: „демократски институции“, „владеење на правото“ и „реформа на јавна администрација“.

На настанот ќе се обрати амбасадорката на Швајцарија во Р.Северна Македонија, Н.Е. Вероник Хулман.   Во рамки на панел – дискусијата што е дел од настанот, излагања ќе имаат г-а Славица Грковска – заменик на претседателот на Владата на Р. Северна Македонија задолжена за политики на добро владеење,  Александар Кржаловски – директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), д-р Катерина Колозова – директорка на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИОХН-С) и Жарко Трајаноски – раководител на истражувања во ИМА. Модератор на настанот е Петрит Сарачини. По излагањата на панелистите, предвидена е и дискусија/сесија со прашања и одговори со медиумите, учесниците и присутните.

Настанот е дел од активностите на проектот „Преку деполаризација до демократски, стабилни и инклузивни институции: Придонес на граѓанското општество“, што го спроведуваат Институтот за општествени и хуманистички науки, Институтот за медиуми и аналитика (ИМА), Балканскиот институт за регионална соработка (БИРС) и Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“. Проектот е финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата ЦИВИКА Мобилитас. Цел на проектот е критички и информиран дијалог, следење, анализа и застапување на политики, кои ќе придонесат за зајакнување на капацитетите на извршната власт за градење демократски и инклузивни институции.

#демократски_институции #institucione_demokratike #democratic_institutions #CivicaMobilitas

Проектот се спроведува со финансиска поддршка преку програмата Цивика мобилитас

Picture

Дисклејмер: Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат НИРАС, МЦМС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Цивика мобилитас, СДЦ или пак спроведувачките организации