Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници денес (17 ноември 2023) со почеток во 11:00 часот организираат новинарски протест пред Граѓанскиот суд во Скопје.

Протестот, како што објавија новинарските организации, се однесува на судската пракса што беше воведена со пресудата против ИРЛ, каде што судот си одреди улога да решава кој смее, а кој не смее да работи како новинар.

„Сметаме дека е нанесена неправда со оваа пресуда, факт заради кој решивме гласно да го кажеме ставот на новинарите“, се вели во повикот за протест на ЗНМ и ССНМ.

Институтот за медиуми и аналитика ИМА се приклучува на овој повик и изразува безрезервна поддршка за денешниот протест.